Две теми важни за Македонија во Стразбур, има кој да ги брани интересите на македонците

Council of Europe, Strasbourg

Две теми важни за Македонија деновиве се дебатираат во Советот на Европа во Стразбур каде последниве 6 години кога се зборува за македонските интереси македонските дипломати именувани од СДСМ и ДУИ најчесто молчат.



Сега покрај власта таму има и претставници на ВМРО-ДПМНЕ односно има кој да ги брани интересите на Македонците

Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски деновиве учествува на сесијата на Парламентарното собрание на Совет на Европа (ПССЕ).

,,Во Совет на Европа во Стразбур во борба за Македонија и правата на Македонците.
Помеѓу другото ќе зборуваме и за:
– масовното следење на комуникации со малициозен софтвер како Пегасус и Предатор, како и сомнежите за следење на раководството на ВМРО – ДПМНЕ од страна на власта на СДСМ и ДУИ.
– предизвиците на екстремно десната идеологија и загрозувањето на правата на Македонците во Бугарија и во Албанија како резултат на оваа идеологија.
Секогаш за Македонија”, објави Николовски на социјалните мрежи за темите за кои ќе се зборува во Стразбур.

Македонците во Бугарија и Албанија се под директен притисок на Софија што е една од причините што ВМРО-ДПМНЕ бара спроведување на пресудите на судот за човекови права во Стразбур Прот бугарската влада.

Македонски ентитети блиски на власта веќе се на меѓународна црна листа за софтверот Предатор кој го направила македонска фирма.