Две опции за наследни(ч)к(а) на севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун

Доколку извештаите за критичната состојба и смрт на севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ун се потврдат режимот кој со децении го предводи неговото диктаторско семејство Ким, ќе биде под контрола на жена.



Ова сценарио е најреално под услов да нема нема изненадување предизвикано од тамошната армија.

Главни кандидатки за нов шеф на државата засега се сестрата на Ким Јон Ун и неговата сопруга.

Според првичните анализи поголеми шанси да стане наследничка има сестрата Ким Јо Јонг која важи за личност која земјата ќе продолжи да ја води со цврста рака како што тоа го правеа нејзиниот брат, татко и дедо.

Втората кандидатка е сопругата на досегашниот претседател Ри Сол Ју која важи за поумерена и дава надеж дека Северна Кореја може да го промени својот систем кон некаков вид демократија.

Меѓународни експерти оваа надеж ја базираат на нејзината изјава дека по обединувањето со Јужна Кореја таа и другите граѓани ќе учат од јужнокорејски учители.

Прашањето за наследникот на Ким Јонг Ун е важно затоа што голем број експерти за далечниот исток очекуваат тензии па дури и граѓанска војна во една од најсиромашните држави на светот каде живеат 25 милиони луѓе а која поседува атомско оружје.