Две недели нема да работи вториот блок во РЕК Битола

Во РЕК Битола започнаа активностите за нега и санација на Блок 2. Мини ремонтот на постројката предвидено е да трае околу две недели. Во овој период планирани се повеќе интервенции на различни позиции со цел зголемување на стабилноста и доверливоста на блокот.



– Блок 2 до искучувањето синоќа во 2 часот по полноќ, беше во континуиран работен процес над 75 дена. Минатата година Блок 2 произведе 1.382.666 MWh електрична енергија што претставува рекорд во последните 8 години. Мини ремонтот кој започна треба да обезбеди стабилност на производството на електрична енергија до крајот на грејната сезона, на оваа 39 години стара постројка – соопштуваат од АД ЕСМ.

Од компаниајта посочуваат дека согласно планот за производство продолжуваат со работа сите останати капацитети и потребата за електрична енергија на домаќинствата, малите потрошувачи и дополнителните снабдувања се обезбедува исклучиво од домашно производство.