Две лица од Македонија се удавија во Албанија

Две лица, М.М. (79г.) и Ц.М. (78г.) кои дошле на одмор од Македонија во Албанија, се удавиле пртпладнево на плажата во Спиле, јави албанкиот портал Exit.al.



Се смета дека причина за давењето се високите бранови.

Инцидентот се случил околу 11:25 часот.

Претходно 59-годишник идентификуван од полицијата со иницијали Х.Х. кој се удавил околу 11:15 часот на плажата во Велипоја.