Кривичниот суд ја осуди на 2 години условна казна, активистката Моника Ристеска за поседување марихуана, а казната нема да се активира доколку Моника во период од пет години не стори ново кривично дело.
Моника Ристеска е еден од најактивните активисти за легализација на канабисот и за негова широка употреба во медицината.
Таа на Фејсбук постираше фотки на кои се гледа како конзумира канабис.
Моника беше и притворена за нејзиниот јавен настап дека ја подржува легализацијата на марихуаната.





