Екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески доби условна казна затвор од две години за набавката на 202 двокатни кинески автобуси.
На условни казни во случајот “Дизајн” се осудени уште две обвинети кои тогаш биле членови на Комисијата за јавни набавки, откако претходно тројцата признаа вина.
Процесот продолжува против Игор Јанушев, поранешниот директор на ЈСП Игор Јанушев.
Тој вели дека станува збор за политички прогон и постапката е водена противзаконски. Во изјава за медиумите,
Вкупниот договор за автобусите “Јутонг” чинел околу 35 милиони евра. За да го фаворизира Јутонг, според обвинението, министерот Јанакиески повторно донел решение за набавка на автобуси и во критериумот економски најповолна понуда, покрај цена и техничко функционални карактеристики го додал и елементот дизајн, кој инаку не е предвиден во законот.







