Во периодот од потпишувањето на Договорот од Преспа на 17 јуни 2018 година до денес, Грција од левичарска доби централно – десничарска влада, но со резултат, да нема никакви особени промени во однос на нашата земја.



Како опозиција, Нова демократија не го поддржа договорот, упорно тврдеше дека е спротивен на националните интереси, најавуваше дека ќе се обиде да ги ублажи последиците, а сега, две години по потпишувањето, партијата што веќе 11 месеци е на власт,  го почитува, спроведува, а паралелно ја поддржува нашата земја на патот кон Европската унија.

Односите со Турција и случувањата на Еврос од една страна, пандемијата со Ковид-19, од друга страна, но и ставот дека Грција ги почитува договорите што како земја ги потпишала, резултираат прашањето меѓу двете соседни земји повеќе и да не е тема на дискусии кај јужниот сосед, јави дописничката на МИА од Атина.

(…)

Во медиумите, како во весниците, така и на телевизиите во Грција, ретко постојат анализи или коментари за Договорот од Преспа, а решението меѓу двете земји го отвори каналот на комуникација меѓу Скопје и Атина, нешто што се покажа и за време на пандемијата, јавува дописничката на МИА.

Ставот на официјална Атина е дека Договорот е веќе потпишан и ратификуван и нема враќање назад.

Повеќе на следниот ЛИНК