На денешен ден пред 20 години од Ослободителната народна армија (ОНА) беше нападната полициската станица во тетовското село Теарце, што се смета за неофицијален почеток на воениот конфликт во Македонија што траеше од 22 јануари до 12 ноември 2001 година.
Во нападот со минофрлачи загина Момир Стојановски од кривопалаченкото село Дубровница, а другите тројца полицајци на дежурство беа повредени, од кои еден потешко.
Стојановски е првата жртва од вкупно 75 меѓу македонските бранители, а бројот на загинати терористи се движи од 86 според ОНА до 1.500-2.000 според некои проценки, од кои 105 само во Слупчане и во кумановско.
Оружениот конфликт требаше да заврши со потпишувањето на Охридскиот рамковен договор на 13 август 2001 година, но оружени инциденти имаше до 12 ноември таа година, кога кај тетовското село Требош беа убиени тројца полицајци.






