Две деца, на возраст од 5 и една и пол година, кои со родителите денеска влегле на граничниот премин Табановце враќајќи се од Германија, се позитивни на Ковид -19. Тие веднаш биле интернирани во адаптираната болница за ковид-пациенти во Козле – пренесува порталот САКАМДАКАЖАМ.МК.
Мајката и таткото се негативни, според информациите кои ги добил порталот од МВР, но и тие најверојатно ќе бидат во двонеделен задолжителен карантин, поради контакт со заразените деца.
Семејството, македонски државјани, патувало со автомобил, а пред да влезат во Македонија направиле тест во Ниш.






