Тешка сообраќајна незгода се случи вечерва околу 20:10 часот на автопатот „Тракија“ во близина на бугарскиот град Стара Загора, во која при излетување на автобус од Србија се повредени 12 лица, од кои осум деца од фолклорен ансамбл што настапил на фестивал во приморскиот град Несебар.
Тројца од повредените, едно дете и двајца возрасни, се во тешка состојба, меѓу нив и возачот, кој, според очевидец, ја загубил контролата врз воланот во обид да го крене помошното седиште до него за патник што се пожалил дека не му е добро.
Локален портал јави дека на возачот, кај кој не било утврдено присуство на алкохол во крвта, најверојатно ќе му биде ампутирана ногата.
Во автобусот со регистарски таблички од Шабац имало 48 патници, од кои покрај деца и родители на дел од нив, а несреќата се случила на 216 километри од Софија.
На повредените први им притекнале на помош учесници во сообраќајот што се нашле на местото на несреќата, меѓу кои и доктор, кој им давал совети како да им помогнат на настраданите.






