Во последните 24 часа починале 12 лица, информира Министерството за здравство.
Од нив 7 починати лица од Скопје (78, 78, 76, 76, 72, 67г и 66) и по едно починато лице од Куманово (66), Струмица (72), Штип (62), Дебар (37) и Велес (84). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавено е уште едно лице, со датум на смрт 25.09.2021 година. Починатото лице е од Крива Паланка, на возраст од 77 години, починат во домашни услови.
Во исто време се направени 1.726 тестирања. При тоа се регистрирани 112 нови случаи на ковид-19.
Најголем дел од новите заразени се од Скопје – 82, Кавадарци – 8, Куманово – 6, Прилеп, Битола, Неготино и Крива Паланка – по 2, Тетово, Велес, Струмица, Кичево, Свети Николе, Ресен, Делчево и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани сe 419 оздравени пациенти.






