Двајцата пациенти заразени со конго-кримска хеморагична треска се стабилни, информираа од Министерството за здравство. Најкритичната фаза од болеста поминала и не се очекува влошување, а засега нема други сомнителни случаи.
Што се однесува до ризичните и помалку ризичните контакти со нема други суспектни случаи ниту пак кај некои од контактите е потврдено присуство на конго-кримска треска.
Инаку, за да се превенира, Министерството за здравство препорачува граѓаните со облека да ги покријат рацете, нозете, како и вратот и главата. Да се носи посветла облека за лесно да се забележи крлежот и да ја испрскаат облеката со спреј на база на синтетски пире-троид. По престој во природа да се направи детална проверка, посебно на главата, вратот и пределот зад ушите, особено кај децата.






