Две лица загинаа во сообраќајка што се случи утрово на магистралниот пат Гостивар-Кичево.



Во СВР Тетово несреќата била пријавена во 7 часот и 10 минути, дознава „Скопје1“..

Се судриле „ауди“ со странски регистарски ознаки управувано од 42-годишниот Е.З. од Кичево и „шкода“ со скопски ознаки што ја управувал Ш.Н.(48) од тетовско Камењане.

„Во несреќата, од здобиените повреди, двајцата возачи починале на местото, а смрт констатирале лекари од гостиварската Итна помош“, информираа од МВР.