Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска соопшти дека две лица – државјани на Австралија и на Сингапур кои во земјава допатувале на 28 февруари со летот на „Визер“ од Келн – се испитуваат дали се заразени со COVIT 19.
Тие отседнале во хотел во центарот на Скопје, а персоналот ги алармирал надлежните институции за нивните симптоми, пренесе „НоваТВ“.
„Медицински екипи веднаш ги посетиле лицата, земени се брисеви и резултатите се чекаат во текот на денот.
Во меѓувреме, Австралиецот и Сингапурецот ќе останат во изолација во хотелските соби“, нагласил Филипче на пресконференцијата денеска.






