Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска која веќе не е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ поставила двајца членови на ДУИ за директори во скопски јавни претпријатија.
Еден од нив е син на екс поглаварот на Исламската верска заедница кој скандалозно замина од ИВЗ.
Во новиот состав на директори избрани од Данела Арсова во град Скопје кои имаат мандат од 6 месеци се двајца функционери на ДУИ еден од ГРОМ и четворица засега непознати за широката јавност.
Меѓу директорите е и Косана Мазнева екс претседателка на унијата на жени ВМРО-ДПМНЕ која веќе не е дел од партијата на Мицкоски:
◦ ЈП Комунална Хигиена Косана Мазнева,
◦ ЈСП Александар Стојковски и
◦ ЈП Водовод Марјан Митевски
◦ ЈП Лајка Радмила Пешева – основач и потпретседател на Анима Мунди
◦ ЈП Улици и патишта Саид Саид.
◦ ЈП Паркинг Крсте Петревски – ГРОМ
◦ ЈП Паркови и зеленила Реџепи Зухејр
◦ ЈП Дрисла Александар Кузинаков
Саид Саид новиот директор на ЈП Улици и Патишта е активист на ДУИ од огранокот “Командант Тели” во Скопски Чаир.
Командант Тели беше оперативецот на Албанската армија кој во 2001 година беше убиен во Чаир од македонските специјалци.
Зухејрн Реџепи новиот директор на ЈП Паркови и Зеленило е син на екс реисот на ИВЗ Сулејман Реџепи, и активист на огранокот на ДУИ во село Свиларе од Сарај.
Извори во ДУИ за ТВ21 брифираат дека Данела Арсовска дала 2 директорски места за да добие 5 советници на ДуИ во Град Скопје.
Петте советници на ДУИ се членови на ограноците на Сарај и Чаир и се дел од групата на Изет Меџити, Блерим БЕЏЕТИ и Муса Џафери.






