Дури 66 отсто граѓани велат „не“ на Преспанскиот договор, а 67,4 отсто од анкетираните бараат избори најдоцна до мај, покажува анкетата спроведена во пресрет на денешниот протест против Договорот од Преспа во Атина.
На протестот закажан за 14 часот, денеска во Атина, најавено е пристигнување на 3.000 автобуси и околу 200.000 луѓе од Северна Грција.
Според анкетата Неа демократија е најпопуларна со 32 отсто поддршка во јавноста, со што на евентуални избори би освоила 158 места во прламентот.
СИРИЗА, според анкетата има 23,1
отсто, Движењето за промени и Златна
зора по 6,4%, додека ККЕ – 5,9 поддршка.
„Независни Грци“ и “Потами“ кои му обезбедија пратеници на Ципрас на
гласањето за доверба во средата – нема да влезат во идниот парламент.





