Двајца министри без НАТО сертификат, еден познат за јавноста

Пратеникот Бранислав Петрушевски денеска откри дека двајца министри во актуелната влада не добиле безбедносен сертификат од НАТО.



Едниот од двајцата кои не го минале ветингот, односно безбедносната проверка на НАТО е министерот за МВР Оливер Спасовски, објави пратеникот Петрушевски.

Тој не го дава името на вториот министер во владата.

“⚠️Скандал ❗

ℹДали покрај Спасовски има уште еден министер што нема НАТО сертификат поради сомнежи на корупција⁉️”, пишува Петрушевски.

Причината за неиздавање на НАТО сертификатот е корупција, тврди пратеникот.

Речиси два часа по објавата на пратеникот нема официјална реакција од МВР и министерот Спасовски.