Двајца малолетници од Македонија, едниот 16, а другиот 17-годишник со Фиат Пунто се судриле во голф на локален пат во областа Аки Терме, во време кога врнел силен дожд, соопшти италијанскиот портал Нова Провинчија.
Веста ја пренесоа повеќе италијански портали, а кочанската телевизија објави дека по потекло С.С. и М.Г. се од Кочани и од Виница.
Момчињата живееле во Ница, а во колата биле уште двајца нивни другари.
Момчето што го управувало автомобилот ја добило дозволата само два дена претходно, пишува Плусинфо.







