Двајца Македонци во трка за градоначалник на Пустец

Општина Пустец, со доминантно македонско население, и во иднина ќе ја води Македонец, откако на локалните избори во Албанија на 14 мај гласачите ќе избираат меѓу актуелниот градоначалник Пали Колефски и противкандидатот Панди Јани.



„Актуелниот градоначалник Пали Колефски, како заеднички кандидат на владејачката Социјалистичка партија и на Македонска алијанса за европска интеграција, вели дека очекува голема поддршка од граѓаните и победа за да се реализираат сите започнати проекти.

Негов противкандидат е Панди Јани, кој доби поддршка од Партијата на слободата на поранешниот албански претседател Илир Мета. На стартот на кампањата Јани вети нов лик, чиста и модерна општина Пустец, која ќе прерасне во вистински туристички центар“, пишува весникот „Илинден“ на истоименото македонско друштво од Тирана.