Двајца кандидати за локален шеф на ДУИ во Куманово убиени за 3 години

Три години отако во 2015 година во кумановската населба Бедиње, беше убиен Командант Шчипоња (Џемаил Реџепи), вечерва во Мала Речица беше усмртен Наип Реџепи, уште еден член на ДУИ со исто презиме.



И Џемаил и Наип пред смртта важеле за најсериозни кандидати за претседател на кумановскиот огранок на ДУИ.

Според извештаите на дел од медиумите во 2015 Командант Шчипоња не се согласувал со изборот на тогашниот претседател на кумановскиот огранок на ДУИ, Бајрам Лимани, кој бил именуван од страна на Али Ахмети.

И Наип според високи членови на ДУИ бил главен кандидат за претседател на кумановскиот огранок или за висока позиција во извршната власт.

Медиумите вечерва шпекулираат со неколку причини за убиството на Наип Реџепи но засега нема никаква потврда дека се работи за судир на највисоко ниво во ДУИ односно конфликт меѓу луѓе на Ахмети и вицепремиерот Хазби Лика.