Двајца без тројца на денешниот протест во Софија за натепаниот Пендиков

– Пред претставништвото на Европската комисија во Софија се одржа протест за одбрана на правата на Бугарите во  Македонија, каде се најбројни симпатизери и претставници на политичката партија ВМРО-БНД. Протестот е и за поддршка за натепаниот секретар на бугарскиот клуб „Борис Трети” во Охрид, Христијан Пендиков, јавија бугарските медиуми. 



Протестот го најави бугарскиот претставник во Европскиот парламент и копретседател на ВМРО, Ангел Џамбаски. Во писмо до претседателската на ЕК, тој побара итен прекин на преговорите на нашата држава за членство во ЕУ.

Како што можете да забележите на фотографијата пренесена од бугарската агенција БГНЕС немало некоја голема заинтересираност за собирот.