Дваесет години ги лажат, денеска им се поплави селото (ВИДЕО + ФОТО)

Цели дваесет години жителите на селото Долно Косоврасти, Дебарско се жртви на лаги кои денеска можеа да одземат и човечки животи.



Две децении се лажени од менаџментот на хотелот Дебарски бањи Цапа и локалните власти во општина Дебар дека ќе биде решен проблемот со таканареченото “Косоврашко дере” односно природен планински канал преку кој од планината кон селото при дождови паѓа огромен материјал од вода и земја кој е опасен за селото и селаните.

Наместо да направат мост под кој водата и земјата со камења ќе отидат кон Радика и понатаму кон Дебарското езеро локалните власти и менаџментот на Дебарски бањи направиле бетонски ѕид кој материјалот наместо кон безбедно го пренасочува кон селото Долно Косоврасти.

Дел од селаните се сомневаат дека ова се прави намерно но не можат да поверуваат дека има човек кој свесно би ги уништил тешко стекнатиот имот на жителите на Косоврасти и би ги загрозил нивните животи.

Последниот инцидент во Косоврасти се случил при големите дождови пред 3 месеци кога од страна на локалните власти од ДУИ и менаџментот на Дебарски Бањи Цапа им било ветено дека ќе биде изграден потребниот мост но до денеска нема реакција на проектот за кој зборуваат сите власти веќе 20 години а никој не го спроведува.

Сега жителите на Долно Косоврасти се подготвени да ја преземат правдата во свои раце.

Тие размислуваат сами да го урнат бетонскиот ѕид кој ја носи водата и ѓубрето кон нивните имоти за да спасат што може да се спаси.

Во Косоврасти се претставници на локалната власт а во Скопје веќе има неофицијална најава дека е можна полициска интервенција на специјалци доколку ситуацијата ескалира а жителите навистина сами почнат да го уриваат бетонскиот ѕид поради кои можат да ги загубат своите куќи и мали бизниси.

Последна вест на темата

Избегнат инцидент, властите сами ќе го уриваат ѕидот што предизвика поплава