Два полициски хеликоптери гаснат во Ајватовце, пожарот се прошири и на вториот крак

Пожарот во Ајватовци се разгоре на два крака, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Поради тоа ќе се вклучи и вториот хеликоптер на МВР.
Ангелов додаде дека на лице место гасат пожарникарите од скопската Противпожарна бригада но и доброволци од доброволното противпожарно друштво од Свети Николе, со поддршка на локалното население.
Ангелов претходно информираше дека пожарот е активен само на еден крак и останатите делови се изгаснати, но по разгорување на првиот крак ангажиран е полициски хеликоптер
Пожарот избувна вчера и се гаснеше непрекинато во текот на целата ноќ од страна на скопските пожарникари и доброволци од локалното население предводени од градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски.



Утринава беше локализиран, но пред еден час, повторно се разгоре.