Два кг. месо на 90 дена: Неверојатна мисла на министерката Шахпаска (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео изјава на актуелната министерка за Труд и социјала во која таа зборува дека Владата помага со враќање пари кај граѓаните и дава пример колку пари во месо ќе добијат граѓаните.



Министерката во изјава која е дадена во некоја од кампањите на СДСМ зборува за 500 денари во период од 3 месеци со кои според неа домаќинките можат да купат 2 кила месо.

Според математиката на Шахпаска домаќинките секој ден во тие 90 дена со помошта за која зборува министерката, ќе имаат по 22,22 грама на ден.