Два инциденти со фирма која од Спасовски добила 13 милиони евра во опасност ставаат стотици полицајци

Две последователни труења со храна на почетокот од месецов имало во компании кои со храна ги снабдува „Индустри сервис“, компанијата која на почетокот од годинава од Оливер Спасовски доби два договори од речиси 13 милиони евра за со храна да снабдува два витални објекти на МВР. – дознава Радио Лидер од извори во Агенцијата за храна и ветеринарство.



Како што дознава медиумот, на 02.11 тројца вработени од ФАКОМ пријавиле труење кај своите матични доктори, а на истиот ден, 6 лица од Ферал Механика исто така пријавиле труење но во Систина.

-Во двата случаи, затруените јаделе иста храна од Индустри сервис, а тоа се шпагети болоњезе, но по огромен притисок од политички извори инспекцискиот увид констатираше дека грешката не е во добавувачот, туку кај фирмата клиент која наводно несоодветно ја чувала храната. – вели изворот на Радио Лидер од АХВ.

Изворот на медиумот додава дека е симптоматично тоа што во два одделни објекти во исто време, истата храна наводно се чувала несоодветно.

-Од државна болница нема никаков извештај за овие труења кон Центарот за Јавно Здравје, иако ова е законска обврска на болниците, додека Систина уредно ги пријавила труењата до ЦЈЗ, но јавноста за ова не е запознаена. – вели изворот.

Како што потврдува изворот од АХВ, инспекција ги затворила објектите каде Индустри сервис ја подготвува храната, кои поради овие случаи биле запечатени цели три дена.

Ваквите случаи не би биле голем скандал, доколку истата компанија не подготвува храна за потребите на МВР и специјалните единици. На почетокот од годинава, Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ, објави дека истата компанија за сума од речиси 13 милиони евра добила два тендери од министерството.

-Со двата тендери од речиси 13 милиони евра, кои се за период од 36 месеци, годишно Индустри сервис во просек може да наплати по речиси 4.5 милиони евра. Тоа е за речиси една третина повеќе од колку што се трошело до сега. Имено лани за цела година, МВР за набавки на храна потрошила само 3.3 милиони евра. – изјави од партиската говорница на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев на 23ти јануари годинава.

Сите детали на овој линк

https://lider.mk/serija-truenja-dali-e-bezbedna-hranata-koja-ja-jadat-policajcite/