Два авиона „миг 29“, подарок од Белорусија, стигнаа во Србија

Два воени авиона „миг 29“ од вкупно четирите што Белорусија ѝ ги подари на Србија пристигнаа на аеродромот во Батајница, објави „Спутник“, чиј извор наведува дека двата ловци едноседи се транспортирани со авион Ан-124 „Руслан“.



Подарените „мигови“ се ремонтирани во белорускиот 558. Воздухопловен завод во градот Барановичи.

Претходно и Русија ѝ донираше на Србија шест ловци „миг 29“.

Српскиот министер за одбрана Небојша Стефановиќ порано изјави дека во јуни ќе биде завршена модернизацијата на „миговите“ што се извршува во Србија, со што војската на северниот македонски сосед ќе ги има вкупно 14. Најавена е и набавка на современо вооружување за нив.