Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации, покажа дека во текот на кризниот период, од март 2020 до денес, нови патнички возила веќе набавиле 42 државни институции. Набавени се вкупно 142 патнички возила за 3 милиони и 609 илјади евра.



Додека за набавка на возила од март 2020 досега се потрошиле 3 милиони и 609 илјади евра, Македонија ги дочека ланските пожари без сервисирани три „ер-трактори“ што за споредба чини 25 милиони денари (406.504 евра), пишува Дојче веле.

А, од пожарите лани е предизвикана штета од околу 31 милиони евра, при што само за пошумување на уништените површини ќе требаат барем две години, за да зазеленат опустошените простори најмалку 20, односно 50 години за шумите да се вратат во состојбата како пред пожарите.