По долги преговори во текот на ноќта, членките на ЕУ постигнаа компромис во однос на перспективата на земјите од Западниот Балкан.



Утре на самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо, Словенија уште еднаш ќе биде потврдена заложбата на ЕУ за продолжување на процесот на проширување,

Но, притоа ќе биде потенцирано дека способноста за прием на нови членки ќе зависи од натамошниот развој на ЕУ, пренесува Дојче веле..

Според дипломатски извори на германската агенција ДПА, на дополнувањето инсистирала француската влада, која на овој начин сака да ја задржи можноста да го блокира приемот на нови членки доколку ЕУ во наредните години не се реформира доволно согласно француските очекувања.


Со тоа, шесте земји аспиранти за членство од Западниот Балкан и натаму остануваат без целосно јасни шанси за полноправно членство во ЕУ.