„Дојче веле“: Што демантира и зошто ќе тужи Османи?

.„..Кога ќе започнат преговорите и ќе се отвори поглавјето 23, меѓу првите теми ќе биде и „слободата на изразување“. Во досието за Македонија што ќе стои на преговарачката маса во Брисел, ќе биде нотиран и фактот дека главниот македонски преговарач (вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи -н.з.) во јануари 2019 година им се заканил со тужби на сите (партии и медиуми) што го ставиле ДУИ во контекст на обелоденетиот случај со злоупотреба на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување“ пишува Дојче веле“ .



„Дури и во илустрирани прирачници од типот „ЕУ за почетници“ наменети за едуцирање на школска популација, првата лекција гласи: Секоја власт мора да биде подготвена да одговара на прашања на јавноста и да има повисок праг на толренција за критика, бидејќи нејзе ѝ е доверено трошењето на парите на даночните обврзници, со што ја носи и одговорноста за начинот на кој го прави тоа.

(…) Во зрело демократско општество, присутните новинари во знак на протест веднаш би напуштиле прес-конференција, на која, на таков начин се „дисциплинира“ интересот на јавноста.“, пишува „Дојче веле“.