Францускиот регион Гранд Ест на границата кон Германија, кој е посебно тешко погоден од пандемијата со коронавирус, ги обвинува САД дека со наддавање ги откупува итно потребните заштитни маски во Кина. Претседатеот на регионот Гранд Ест, Жан Ротнер, вчера за ТВ РТЛ изјави дека Американците практично „пред нос“ им ги купуваат заштитните маски кои ги порачала Франција во Кина, пишува „Дојче веле“.
„Тие даваат пари во кеш и тоа трипати или четирипати повисока цена од нашата“, критикува Ротнер. Тој не кажа колку маски САД откупиле на овој начин, но истакнува: „Мора да се бориме“.
Владата во Париз засега не ги потврди овие изјави.






