Шефицата на Основното јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, вчера до Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку полномошник доставила опомена пред тужба за клевета, објави „Дојче веле“.
Повод бил дел од содржината на изборниот спот на опозициската коалиција, насловен како „Криминална приказна“ каде е прикажано како мајка чита приказна пред спиење на своето дете и во еден дел го споменува името на Вилма Русковска.





