ДВ: Пламенот на „Огнената група“ опасен и за владиниот кабинет

Краткотраен земјотрес во ДУИ, вовед во поголеми тектонски потреси во партијата или – закана и за опстанокот на Владата? Овие прашања се актуелизираа откако дваесетина истакнати членови на ДУИ во јавна реакција обвинија дека одлучувањето станало индивидуално, дека не се формираат статутарните партиски органи, не постои консултација со базата и речиси две години нема отчет за работата на Владата и политичката програма. Како одговорен за ваквите состојбите го посочија првиот вицепремиер Артан Груби.



„Арогантното и дилетантско однесување на извршната власт на чело со Артан Груби предизвика незадоволство, револт и пасивност на структурите и на гласачите“, беше наведено во реакцијата. На неа, меѓу другите, се потпишани и пратениците Изет Меџити и Мерита Колчи Коџаџику, заменикот министер за одбрана Башким Хасани, градоначалниците на Чаир и на Сарај, Висар Ганиу и Блерим Беџети, поранешниот вицепремиер Муса Џафери…

Линк во целата анализа.