германската Католичка новинска агенција (КНА) со осврт на одлуката Вселенската патријаршија во Цариград да ја признае претходно излоираната православна Црква на Македонија.
„По состанокот на своето раководно тело во понеделникот вечерта во Истанбул, Вселенската патријаршија објави дека ‘ја прима хиерархијата, свештенството и народот на оваа црква предводени од архиепископот Стефан во евхаристиската заедница, со што ја залекува раната на расколот“.
Канонската територија на црквата ќе биде ограничена на територијата на државата Северна Македонија, но канонскиот статус а црквата останува нерешен, оценува КНА.
Константинопол и остава на „Српската православна црква да ги регулира административните прашања со црквата во Северна Македонија“.
„Тоа значи дека Црквата се уште не е автокефална“, заклучува агенцијата.
Притоа, КНА нагласува дека од името на црквата се исклучува терминот „македонска“ и секоја друга придавка која произлегува од името „Македонија“.
„Црквата се признава под името ‘Охридска црква’ (термин што го користи КНА). Со тоа Цариград води сметка за српските, но и за грчките интереси“, наведува КНА.







