Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) и Европол почнаа истрага во врска со т.н.„вакцини духови“, пренесе Дојче веле.
. Тоа се „опскурни понуди“ на вакцини кои веќе стигнале до „многу шефови на држави или влади“, се вели од кругови на Европската комисија. За овој проблем треба да стане збор и на денешниот видео-самит на шефовите на држави или влади на ЕУ.
Според проценки на ОЛАФ, 400-те милиони вакцини коишто се нудат се во вредност до три милијарди евра, но она што е непознато е дали се тоа навистина вакцини, или, како што се вели, „солена вода во мали шишенца“.
Портпарол на германското Министерство за здравство, според германскиот „Билд“, потврдил дека во изминатите денови германската влада добила понуди со „различна сериозност“ од приватни посредници на вакцини. Германија, која е поврзана во механизмот за набавка на вакцини на ЕУ, не прифатила ниту една од овие понуди.





