ДВ: Може ли некој да го разреши министерот за образование?

Наставата за учениците стартуваше без 43 од вкупно 123 учебници по задолжителните предмети, и во нормална земја таков гаф во образованието освен што ќе го чини министерот експресна смена од функцијата и крај на политичката кариера, кај нас никого посебно не го вознемирува.



Министерот (Јетон Шакири – н.з,) и натаму е министер, и веројатно и ќе остане на чело на овој витален ресор без разлика дали учебната година ќе се одвива со комплет учебници или учениците и наставниците ќе бидат во секојдневно исчекување кога ќе ја добијат скапоцената пратка наставни средства, пишува Соња Крамарскаво колумна за Дојче веле, насловена „Премиере, когаѝ ќе го разрешите министерот за образование?“

„Иако во насловот го прашуваме премиерот Ковачевски кога ќе го разреши министерот за образование поради скандалозниот недостиг на учебници, се чини дека ова прашање а непотребно.

Министерот може да го разреши само партискиот лидер Али Ахмети кој го предложил на оваа функција, со што доаѓаме до клучното прашање – зошто партискиот интерес е над државниот и до каде може да стигне една држава која во 21 век, претендирајќи за членство во ЕУ, покажува немање капацитет да менаџира основни процеси во еден од најважните сегменти на државата – образованието…“ вели авторката на колумната.