ДВ: Кога земјите ги менуваат нивните имиња

Северна Македонија е последниот пример на земја која го смени своето официјално име, но не и единствената. Минатата година Свазиленд го смени името додека слични размислувања има  во Казахстан, пренесува „Катимерини“ текст на „Дојче веле“.



Кога во 1542 година шпанскиот истражувач Рој Лопе де Вилалобос открил некои нови острови во Тихиот Океан, ги нарекол Лас Исслас Филипинас, според шпанскиот крал крал Филипе II.

Денешниот претседател на Филипини, Родригез Дуарте, сега ќе го промени името на земјата. Неговиот предлог е Махарлика (Махарлика) име кое на локалниот јазик од предколонијалниот период означувал група воини .

Прашањето за промена на името покрена дискусии на социјалните медиуми, а многу Филипинци се прашуваат „дали земјата нема поголеми проблеми од сопственото име? Добро познатиот блогер Френсис Баран смета дека е „подобро да го смениме нашиот претседател”.

Друг пример одрелативно блиското  минато е Иран. До 1935 година познат како Персија. Тајланд до 1949 година бил Сиам, Намибија била именуван како германска Југозападна Африка (колонија на Германската Империја), додека Мјанмар бил наречен Бурма.

Во втората половина на 20 век и по добивањето независност многу поранешни колонии ги промениле имињата. Цејлон беше преименувана во Шри Ланка, Родезија во Зимбабве … Британски Хондурас во Белизе.

 Во Казахстан, многумина би сакале да ја преименуваат земјата во Казак Ели што значи „земја на Казаците“.

На другата страна на планетата има обид Нов Зеланд да се преименува во Атероа и во тек е референдум. Меѓутоа, треба да се забележи дека денес, пасошите, изводите на родени и во банкнотитефигурира и Нов Зеланд и Атероа.