ДИК не му пиша на Пендаровски!?

Иако најави, Државната изборна комисија (ДИК) во текот на вчерашниот ден не доставила мислење до претседателот на државата Стево Пендаровски, во врска со временската рамка потребна за спроведување на изборните дејства, потврдија за Дојче Веле извори од Комисијата.



„Денеска (15.5. -н.з) повторно ќе имаме консултации околу текстот на одговорот, и се надеваме дека ќе го испратиме до претседателот“, велат од Комисијата од каде се воздржани околу причините за неиспраќањето на мислењето, пишува „Дојче веле“.