Соговорници од СДСМ за Дојче веле веле велат дека во овој момент најпродуктивно е идниот лидер на партијата да не биде и мандатар, откако Зоран Заев најави оставки на челната позиција во партијата и во владата, а навести дека идниот претседател на партијата да биде мандатар.
„Лидерот ќе треба да се посвети на партијата и да ја подготвува за следните парламентарни избори, кога и да бидат тие. Тоа е огромна обврска.
Не е добро истата личност да биде и мандатар, и тој ‘дa се тестира’ во време кога земјата е пред енергетски, пандемиски, интеграциски и ред други предизвици. За тоа има доволно компетентни и искусни луѓе во Владата“, вели долгогодишен член на партијата за Дојче веле.
Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи, во понеделникот изјави дека тие како партија очекуваат премиерот Заев да продолжи да ја води Владата.
„Ние имаме договор со Заев дека одреден период, премиер ќе биде Заев. Ние тоа го знаеме. Што ќе прави Заев во партијата и кој таму ќе биде лидер, тоа не знаеме…“ вели Османи.







