„Македонија сега е поставена во ситуација да го покаже својот карактер. Доколку отстапи за три чекори, подоцна ќе се бара да отстапи и за десет, оценува Дојче веле во денешната анализа.
„Што мислите, што ќе се случува кога во историската комисија ќе доде на ред да се расправа за Втората светска војна, за анектирањето на Вардарска Македонија од тогашната профашистичка влада во Бугарија? Тоа може уште сега јасно да се види, не мора да се гледа во кристална топка. Притисоците нема да се намалуваат, туку ќе се зголемуваат. Ситуацијата е таква – двете земји се во НАТО, но едната е во ЕУ, а другата сака да стане членка на европскиот блок. Едните заблуди треба да се наметнат врз другите заблуди“.
Авторот вели дека во основа, официјална Софија ја поставува Македонија пред избор што не може да го направи.
„Затоа што за неа нема избор. Затоа што не може да тргува ниту со идентитетот, историјата, ниту со јазикот и да го прифати бугарскиот наратив. Веројатно доаѓа времето кога треба да се каже – доста е! Оваа држава помина повеќе граници кои не се за поминување во интерес на иднината. Но кога некој бара да скокне во длабок амбис, тоа е веќе премногу. Ова се комплицирани моменти за Заев иа и за Пендаровски.
Последните неколку недели опозицијата е внимателна да не додава масло на огнот и тоа треба да биде забележано не како конструктувност, туку повеќе како добра проценка на ситуацијата. Можеби европската врата ќе биде затворена од оние што постојано тврдат дека сме „браќа“, но тогаш овде ќе одговараат дека сигурно не сме ни први братучеди. Односите бесповратно ќе се влошат до некоја друга иднина.
Прашањето е дали Заев би можел да постапи поинаку. Неговиот маневарски простор е ограничен како во самица. Тешко е да се поверува дека некој би му нашол забелешка ако рече – Доста е!
Па макар европската иднина била одложена за уште некоја година“.





