Оперската ѕвезда и екс пратеник Игор Дурловски реагира на затварањето на голем број продавници на КАМ маркетите кои се на тапет на УЈП и на поддршката на владата за друга фирма која е конкуренција на таа чии дуќани се пломбираат.
,,Кипер го рекламираат,
Кам го пломбираат.
Еее Нøрдистане земјо мизеријо!”, пишува Дурловски кој алудира на рекламата на дел од министрите во владата кои дури и на Фејсбук го рекламираат трговскиот ланец Кипер.
Дурловски објавува и два објавени текста од портали со цел да прикаже селективност во работата на владините институции.

Вчера директорката на УЈП и висок функционер на СДСМ Сања Лукаревски објави дека КАМ е предмет на анализа од страна на 300 инспектори и контролори поради наводни Бектеши неправилности.
Предходно министерот за економија Бектеши на својот министерски профил направи реклама за приватната компанија Кипер.
* Фотографијата е од предходен пост на Дурловски






