Дурловски за скандалот со химната: Македонија слободна, слободно #ќе живее!

Оперскиот пејач Игор Дурловски на својот профил на Фејсбук го прокоментира изоставувањето на македонската химна од протоколот при пречекот на грчкиот премиер Алексис Ципрас.



„Македонија слободна, слободно #ќе живее!“, напиша еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, чии протестни маршови во пролетта 2017 година почнуваа со изведбата на „Денес над Македонија“ токму од маестро Дурловски.