Оперскиот пејач Игор Дурловски објави дека на утрешниот антивладин протест на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја пее химната на Република Македонија и објасни зошто и за кого.
„Драги пријатели, утре во 20:00 часот ќе бидам пред Влада и ќе ја пејам химната на Македонија.
За кого?
За сите оние кои ме распнуваа поради ангажманот во ‘Заедничка Македонија’, за тие кои ме напаѓаа за моето учество на парламентарните избори во 2020 година, за тие кои ја критикуваа одлуката да го отстапам пратеничкиот мандат, но и за ВАС кои ме поддржувате токму поради моите одлуки и постапки – никогаш отстапки.
Ќе пејам во чест на сите политички затвореници, за Гоце, за Даме, за Јане, за Питу… Ќе пејам бидејќи да пејам од срце – најдобро знам“, порача на Фејсбук поранешниот пратеник.






