На најавите дека и возачките дозволи со „Република Македонија“ полицијата ќе ги третира како возачот да нема дозвола реагира оперскиот пејач и поранешен пратеник Игор Дурловски.
„Убеден сум дека сме дел од социјален експеримент кај што се гледа колку еден мирољубив народ може да проголта. Фала СДС“, коментира на Твитер еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.






