Дурловски: Трема, емоции, љубов по “најважниот ден”

Оперската ѕвезда Игор Дурловски кој вчера по апсењето за тероризам по 7 месеци се врати на сцената на МОБ во операта Турандот денеска им се заблагодари на сите што го поддржаа.



“Вчера беше можеби најважниот ден од мојата пејачка кариера. Трема, емоции, љубов… Дадов се што чував во себе а добив исто така СЕ!
Благодарам на колегите за соработката и искрените гушки и бакнежи, благодарам на директорката Чадловска за можноста да се вратам на сцена во специфичен период од мојот живот а најмногу благодарам на публиката која што со искреност го пречека моето враќање на сцената на МОЈАТА МОБ”, напиша Дурловски и на своите фанови и поддржувачи им испрати ❤️❤️❤️.