Дурловски со статус на денот за СДСМ и вчерашното невреме во Скопје

Оперскиот пејач Игор Дурловски го има статусот на денот на Фејсбук во кој ги поврза ветувањата на СДСМ и вчерашното невреме во Скопје.



„Мора да признаеме дека со вчерашното невреме не беа оштетени објектите што СДС ветуваше дека ќе ги изгради“, реплицира еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ на зајадливите коментари од претставници или од поддржувачи на власта за штетите врз објектите од проектот „Скопје 2014“ од невремето што направи проблеми во главниот град.