Дурловски: Пуштете ги луѓето од затвор и продолжете да си играте држава

Оперскиот пејач и поранешен пратеник Игор Дурловски, единствен ослободен за 27 април без да бара амнестија, со нов повик за ослободување на уставобранителите, кои ги наведе како една од главните причини за своето повлекување од собраниските клупи поради неможноста да им помогне да излезат од затвор.