„Последниве 7 години сме комплетно избришани од репертоарот на Македонската филхармонија и фестивалите низ цела држава но затоа ќе си газиме надвор…“ објави на социјалните мрежи оперскиот пејач Игор Дурловски, кој обвинува дека последните седум години тој и неговата сопруга се избришани од репертоарот на Филхармонија.



Тој на Фејсбук го најави Новогодишен концерт на Ана Дурловски со Штутгартска филхармонија.

„Да живее уметноста!“ напиша Дурловски.