Оперскиот пејач и поранешен пратеник Игор Дурловски, притворен, па ослободен како единствен што не побара амнестија за „27 април“, реагира за ескалацијата на судирот во Македонска навигација со кадри на ДУИ во главната улога.
„Ние бевме терористи, а овие од ДУИ државници. Мир да немате сите заслужни за државата свртена наопаку!“, напиша на Твитер еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ што ги организираше масовните протести низ Македонија во 2017 година.






