Оперскиот пејач и поранешен пратеник Игор Дурловски својот вечерашен настап на гала концертот во Македонската опера и балет го посвети на политичките затвореници во Македонија.
Еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, единствен од притворените за настаните од 27 април 2017 година ослободен без да побара амнестија, за својот гест го употреби хаштагот „Не игнорирај“.





