Дурловски емотивно на денот на смртта на Тоше: Ти остана убав и млад

На денот кога пред 13 години во сообраќајна несреќа близу Нова Градишка загина Тоше Проевски со емотивна порака се јави неговиот пријател, оперскиот пејач и сега пратеник во Собранието Игор Дурловски.



Во чест на својот починат пријател и колега Дурловски објави фотографија од заеднички настап и му порача:

“Ко си бевме млади и убаj.
Ти остана и млад и убав…
Вечна ти слава Тошка!”

Игор Дурловски додека беше директор на Македонската опера и Балет беше иницијаторот за мјузиклот “Тајно моја” во чест на прерано заминатиот уметник Проески кој го режираше Тони Михајловски.

По промената на власта во 2017 и смената на Дурловски мјузиклот беше тргнат од репертоарот.